Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Експретседателката на ДКСК не признава вина за оддавање службена тајна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-03-27-at-10.58.51

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска, која е обвинета дека оддала службена тајна на обвинетиот во случајот „Адитив“ Небојша Стојановиќ, во судница се изјасни за невина.

— реклама —

Таа не призна вина ниту за обвинувањето дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот според чии резултати таа добила сертификат со највисок степен на доверливост „државна тајна“.

— реклама —

„Јас ја разбирам содржината на обвинението и не ги признавам делата. Не се чувствувам виновна и мислам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета“, рече Димитровска.

— реклама —

Димитровска ја товарат за две кривични дела: оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и за компјутерски фалсификат бидејќи ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.

— реклама —

Димитровска, која даде оставка под притисок на јавноста, сега е вработена во Државниот завод за ревизија, како помошник на државниот главен ревизор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library28s5gn09lhk01VgYylY

Пораки откриваат детали за сертификатот на Димитровска: ручек, „злато си“ и тест за сертификат положен во туѓо име

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања