Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Пораки откриваат детали за сертификатот на Димитровска: ручек, „злато си“ и тест за сертификат положен во туѓо име

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-library28s5gn09lhk01VgYylY

Во судската постапка беа презентирани пораки извлечени од телефони како доказ дека службени лица од ТЕЦ „Неготино“ споделувале доверливи информации. Обвинителството тврди дека Билјана Петровска-Мантева преку „Вотсап“ му праќала службени документи и податоци на Небојша Стојановиќ. Дополнително, се читаше комуникација меѓу Димитровска и Столевски, за која обвинителството вели дека докажува компјутерски фалсификат – дека тест бил полаган во нејзино име и биле испраќани сертификати. Одбраната не ја спори комуникацијата, но тврди дека не докажува кривично дело; обвинителството најавува индиции за поширока истрага за набавки на мазут.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пораки извлечени од мобилни телефони на обвинети лица беа презентирани како доказ во судската постапка поврзана со Државната комисија за спречување на корупцијата, при што обвинителството тврди дека службени лица од ТЕЦ „Неготино“ споделувале доверливи информации со трети лица.

Според изведените докази, обвинетата Билјана Петровска-Мантева, како раководител во секторот за финансиски и комерцијални работи во ТЕЦ „Неготино“, преку апликацијата „Вотсап“ му доставувала податоци на Небојша Стојановиќ, кои, според обвинението, претставуваат службена тајна. Размена на службени документи, извештаи и податоци што се водат како тајни, но и пораки со приватен тон – „ај да испиеме кафе“, „частам ручек“ и „злато си“ – беа презентирани во судницата како дел од доказите во предметот.

— реклама —

Обвинителството пред судот ги презентираше пораките екстрахирани од телефонот на Димитровска, со кои ја товари за компјутерски фалсификат. Таа и Столевски во судница ги слушаа содржините од комуникацијата што, според обвинителот, директно покажува дека тестот бил полаган во нејзино име.

Во пораките од 22 август 2024 година, Димитровска му пишува на Столевски: „Фала Миле, частам ручек“, по што тој ѝ испраќа ПДФ-формат од сертификат и одговара: „Се шалам, не частиш ништо“. Потоа следува: „Со 93,33 ти е положен“.

— реклама —

На прашањето „А новиот?“, Столевски одговара дека „веќе е невалиден“ и нуди: „Да ти полагам на ново?“, на што Димитровска возвраќа: „Мислам, да“. Потоа следи комуникација во која тој најавува дека ќе го полага тестот, а подоцна испраќа нов сертификат издаден од Агенцијата за безбедност на класифицирани податоци.

На крајот од разговорот, Димитровска му пишува: „Па ај нека ни е, злато си“.

Обвинителството е децидно дека токму овие пораки ја докажуваат вината.

„Сметаме дека со изведување на овие пораки се докажа дека лицето Миле се приклучил на веб-сајтот неовластено, ги внесува податоците и го полага тестот за име и за сметка на друго лице“, изјави обвинителот Фатон Азизи од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Одбраната, пак, не ја спори комуникацијата, но тврди дека таа не е доволна за постоење кривично дело.

„Тоа што денеска го видовме не претставува дејствие кое може да биде издигнато на ниво на инкриминација... не претставува кривично дело“, изјави адвокатот Владимир Туфегџиќ.

Во истата постапка, обвинителството читаше и пораки меѓу раководителката во ТЕЦ „Неготино“, Билјана Петровска-Мантева и поранешниот директор Небојша Стојановиќ. Дел од комуникацијата, според обвинителот, била избришана, но останале пораки и фотографии од известување на БЈБ за отворена постапка на ОЈО ГОКК за набавките на мазут.

„Имаше и еден втор момент... бројот на службеното лице и комуникацијата може да претпоставите во која насока била“, рече обвинителот Азизи.

Одбраната на Мантева тврди дека документите што му ги испраќала на Стојановиќ претходно биле потпишувани од него и дека известувањето од БЈБ не било означено како строго доверливо.

Обвинителството, пак, посочува дека пораките и во овој дел се индиции за поширока истрага поврзана со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-03-27-at-10.58.51

Експретседателката на ДКСК не признава вина за оддавање службена тајна

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања