„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ексшефот на кабинет на Ковачевски е вдомен: „Недостасува уште координатор за координирање на националните координатори“

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-02-02-at-10.48.32

Експремиерот Димитар Ковачевски креирал специјално место кај националните координатори во Владата, за да го вдоми неговиот доскорешен шеф на Кабинет, Мартин Попов. На 9 јануари, шеснаесет дена пред Ковачевски да поднесе оставка, Владата донела решение со кое Попов го назначува за национален координатор за следење на реализација на програмата на Владата. Но, морал да остане до Ковачевски до 25 јануари, кога тој поднесе оставка.

— реклама —

„Мартин Попов се именува за Национален координатор за следење на реализацијата на програмата на Владата, сметано од 25 јануари 2024 година“, пишува во решението на Владата“, стои во објавеното решение во Службен весник.

Ваков национален координатор до овој момент немало. Тоа го покажува и веб-страницата на Владата. Тоа значи дека Попов е првиот кому му се дава функција да следи реализација на програма на Владата. „Скопје1“ стапи во контакт со Попов од кого побаравме став, но тој неколку дена не одговара на нашите прашања.

— реклама —

[caption id="attachment_276873" align="alignnone" width="774"] Попов е на специјално креирано национално координаторско место, оти до сега не постоело[/caption]

Националните координатори за првпат во јавноста станаа актуелни пред минатите парламентарни избори во 2019/2020 година. Тогаш, пред раководењето со Владата да го преземе техничката Влада, експремиерот Зоран Заев, национални координатори ги направи Бојан Маричиќ, Марјан Забрчанец, Роберт Поповски и Роберт Алаѓосовски кои останаа без функции. Тогаш се коментираше дека СДСМ ја уникала функцијата „министер без ресор“, но затоа креирала нови места како „национални координатори“.

„‘Национален координатор’ - функција која се доделува секогаш кога за едно лице повеќе од месец дена лупаш глава и се прашуваш каде да го сместиш“, пишуваа граѓаните пред три години.

Други пак коментираат: „Недостасува уште координатор за координирање на националните координатори“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања