Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Екстрадирано лице од Германија со вкупна затворска казна од 20 години, последниве месец дена над 100 лица приведени за издржување затворска казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
MVR

Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург  го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Република Северна Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.

— реклама —

Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно  времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

— реклама —

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи во рамките на оперативната акција „Бегалец“ превзема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на Република Северна Македонија.

— реклама —

Во периодот од 15 септември до 20 октомври на територијата на Република Северна Македонија приведени се над 100 лица за издржување на затворска казна до 10 години и истите се спроведени во казнено поправните институции.

Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивните мерки и активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања