Промени тема
Контакт

Екстремно студен бран ја зафаќа Македонија: Дожд, снег и ризик од голомразица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
49807066_385247978904813_5791866151453589504_n_385247972238147

Поради продор на екстремно студен воздушен бран кој постепено ќе се спушта од север кон територијата на Македонија, во следните денови се очекува значителна промена на временските услови. Овој процес ќе услови формирање на секундарен циклонски систем над Југоисточна Европа, како и навлегување на големи влажни воздушни маси.

Во почетната фаза, во земјава се очекуваат врнежи од дожд и од снег на пониските места, додека на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат исклучиво од снег. Поради присуство на потопол воздух во повисоките слоеви од атмосферата и студен воздух при тлото, особено во западните делови од Македонија ќе постојат услови и за појава на ледени врнежи. Токму поради тоа, се апелира до возачите на крајна внимателност поради зголемен ризик од појава на голомразица на патиштата.

Ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и југозападен правец, а подоцна и од север, кој на моменти и локално ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

— реклама —

Од ноќта меѓу сабота и недела, како и во текот на недела и понеделник (11 и 12 јануари), врнежите ќе преминат исклучиво во снег. Се очекува формирање снежна покривка и во поголем дел од пониските места, односно во градовите. На планините и на скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми, со нови 30 до 40 сантиметри снег.

И во Скопје и во околината се очекуваат врнежи кои постепено ќе преминуваат во снег, особено во недела и понеделник, кога ќе има услови за создавање помала снежна покривка и во Скопската Котлина. Ќе дува повремено засилен до силен ветер, најпрво од јужен, а потоа од северен правец.

— реклама —

За време на овој изразен влажен бран, локално се очекуваат и значителни количини на воден талог, особено во западна Македонија, каде што врнежите може да надминат 50 литри на метар квадратен.

— реклама —

Температурите ќе бележат значителен пад. Во недела и понеделник, на повеќе места и во текот на денот тие ќе останат под нулата, додека утринските температури на многу локации ќе се спуштаат до -10 степени, а локално и до -15 степени. На планинските подрачја се очекуваат минимални температури и до околу -20 степени.

Надлежните служби апелираат на зголемена внимателност, особено во сообраќајот и при движење на отворено, поради екстремните зимски услови што следуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 1 ден

toplo-vreme-768x556

Жолт аларм во цела Македонија: Утре над 40 степени

Македонија | пред 3 седмици

toplo-vreme-768x556

Топлотен удар во Скопје: Бетонот ја задржува жештината, улиците остануваат празни

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања