Kичевецот Шеќерим Ахмети – Ел Чека преку фејсбук му испрати порака на премиерот Зоран Заев, откако тој во последното интервју рече дека ќе побара негово апсење.
„Слушнав дека Зоран Заев ќе побара од САД да ме апсат, бидејќи им ги вадам на виделина нивните нивните злосторства и криминали кои ги имаат направено овие главните во државата кои се од глава до пета криминализирани. Зајче, кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој, да не испадне после да ти кренат слушалка оние руските комичари“.
Заев се правдаше дека неговите прислушувани разговори не се слични на оние кои ги објавува Ел Чека за раководството на ДУИ, пишува ИНА.