Кичевецот со псевдоним Ел Чека, му се закани на премиерот Заев. Со статус на фејсбук бара од претседателот на владата да внимава на затворениците од случајот „Диво Насеље“ бидејќи имал сознанија дека нешто им се подготвува.
Статус ФБ- ЕЛ Чека: Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! - напиша Ел Чека.
Чека испрати и ултиматум до Заев да отвори меѓународна истрага за кумановските настани во рок од 62 дена или во спротивно ќе го објавел разговорот за како што пишува, монтираниот случај „Сопот“.
Во меѓувреме Ел Чека објави нови снимени разговори.. Во петте бомби, тврди дека се слуша гласот на Али Ахмети и останати високи функционери на ДУИ. Најави дека ќе има и други разговори а ќе ги објавува во утринските часови..
На двата профили на социјалната мрежа Фејсбук на кичевецот Шеќерим неколку дена беше мирно, по барање на МВР оваа социјална мрежа ги брише нелегалните разговори.
По пријавата на МВР, на ред е кичевското обивнителство.