Ел Чека преку Фејсбук упати терористичка закана до Премиерот Зоран Заев. Ако нема меѓународна истрага за “Диво Насеље” и не се расветлат сите убиства на припадници на ОНА очекувајте уште едно Куманово среде Скопје.
-Ако не се побара меѓународна истрага за сите неправедни апсења на Албанци во текот на сите овие години, ако не одат во затвор криминалците кои предаваа и убиваа, крадеа и затвараа, тогаш очекувај уште едно Куманово на сред Скопје. Ако продолжете вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку, немате друг избор, затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот. ЗАЈЧЕ ова не го сметајте за закана, не е закана, тоа е настан кој ќе се случи ако нема меѓународна истрага, се вели во статусот на Фејсбук профилот на Ел Чека, објави 4news.mk.
Пред 2 недели Кичевското обвинителство поднесе обвинение против Шеќерим Ахмети таканаречен Ел Чека за објавување прислушкувани разговори на челниците на ДУИ кои тој ги обвинува за криминал. Ел Чека кој по потекло е од кичевското село Туин, а живее во Чикаго од каде ги пушташе и аудио снимките за кои тврди дека ги добил од припадници на групата од случајот “Диво Насење”. За неовластено прислушкување и тонско снимање му се заканува затворска казна од 1 до 5 години.