На фејсбук продолжува „експлозијата на бомби“, односно корисникот Ел Чека веќе неколку дена на социјалната мрежа објавува нелегално прислушувани материјали во кои главни соговорници се функционери од ДУИ. Само утринава, Ел Чека има објавено десетина бомби, а најавува и дека наредниот период ќе продолжи со истото темпо.
-Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.
Или ќе бидат затворени за криминалци, или Заеви ќе падне!, пишува утринава објавувачот на новите бомби.
Објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет, и постојано објавува фотографии од себе, за да како што вели, убаво го видат сите.