Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Електричните автомобили го освојуваат германскиот пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryoj3oou49976t7rniGEq
Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash

Електричните автомобили сè побрзо го освојуваат германскиот автомобилски пазар, а трендот станува особено забележлив и кај половните возила, покажува анализа на осигурителната компанија HUK Coburg.

Во вториот квартал, приближно секој осми осигуреник на HUK Coburg кој сменил автомобил преминал од бензинец на целосно електрично возило. Тоа е двојно повеќе во споредба со целата мината година.

— реклама —

Уделот на електричните автомобили меѓу новите возила во Германија достигнал рекордни 24,9 отсто, што е за 1,8 процентни поени повеќе од претходниот рекорд, забележан во последниот квартал од 2022 година.

— реклама —

Особено забрзување се забележува на пазарот на половни автомобили, кој во Германија е повеќе од двојно поголем од пазарот на нови возила. Продажбата на половни електрични автомобили во вториот квартал пораснала за 7,9 отсто, што е рекордно зголемување и повеќе од двојно побрзо во однос на истиот период претходната година.

Анализата покажува и дека кон електричните автомобили особено преминуваат возачите кои поминуваат најмалку 12.000 километри годишно.

— реклама —

„Замавот на електромобилноста достигна нова брзина, делумно и поради наглото поскапување на горивото“, изјави Јерг Рајнлендер, член на управниот одбор на HUK Coburg задолжен за автомобилското осигурување.

— реклама —

Според него, половните електрични автомобили би можеле дополнително да го променат пазарот доколку и нивните купувачи добијат право на државна субвенција за набавка на електрични возила.

Во јули, најмногу целосно електрични автомобили продал „Фолксваген“ – нешто повеќе од 10.000 возила, додека од почетокот на годината бројката достигнала речиси 60.000. Следат „БМВ“ и „Шкода“, а високо на листата се и „Мерцедес“ и „Ауди“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG-8728f05e6d291d028b4c7ced825723c5-V

Поправките на автомобилите во Германија стануваат луксуз: Резервните делови поскапеле над 80 отсто

Сцена | пред 2 дена

— реклама —
media-library6p6f4rve07m975Vbchp

5 заборавени концепт-автомобили што изгледале како да доаѓаат од иднината

Вирално | пред 1 седмица

media-library765sj7etnlel6cVnUKr

Renault го оживува легендарниот 8 Gordini како електричен спортски автомобил

Магазин | пред 1 месец

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Volkswagen повлекува 208.724 возила поради сериозен проблем со управувањето

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања