Поп-пејачката Елена Ристеска е дел од комисијата што ќе ги избира песните и пејачите за фестивалот „Наше море, наше скале“, што ќе се одржи в година во Херцег Нови, Црна Гора. Во комисијата, покрај Елена, ќе бидат и Ѓорѓе Давид и Даниел Алибабиќ.
„Огромна чест ми е да споделам со вас дека сум дел од официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот “Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора.
Задоволство ми е што заедно со Ѓорѓе Давид и Даниел Алибабиќ ќе ги избираме песните што ќе влезат во потесна селекција за учество на фестивалот кој ќе се одржи во јуни 2022ра година , целосно нова приказна за целата балканска музичка сцена.
На оваа прес конференција јас сум претставник од Македонија, Данијел за Црна Гора и Џорџе Давид за Србија и покрај комисиска улога, имаме и промотерска улога и сме дел од организацијата.
Благодарам за поканата на организаторот “Адриа и Јадран медиска група” @adria__tv со која од денес па натаму ќе имаме одговорна задача да одбереме убава шоу програма на фестивалот.
Јас од црногорските фестивали и црногорската публика ја имам поддршката во кариерата уште од самите почетоци, покрај неколкуте учества ги имам и двете прекрасни награди за “Дебитант на годината” и за “Дует на годината” со Регина, истата година и ден кога бевме и предгрупа на концертот на Ролингстоунс во Будва.
Нека ни е среќно и успешно ова патешествие“, стои во објавата.