Елвир Мекиќ и Елвир Мекиќ со изненадување за публиката - Хитот „Опасно“ по 18 години конечно доби спот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Магазин
media-libraryj256htg4tou65c8fGQd

Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска,

— реклама —

конечно доби свој официјален музички спот.

— реклама —

Видеото беше промовирано вчера (08.02) на јутјуб каналот на Урбан рекордс и веднаш доби многу позитивни коментари.

— реклама —

„Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов - Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат ‘Опасно’,“ вели Елвир.

Дополнително, во реализацијата на видеото се вклучија и познати македонски инфлуенсери како Дора, Нина Ред, Октај Сејди, како и мејкап артистот Даниел Николовски.

„Опасно“, која пред 18 години се создаде по музика на Јован Јованов, а за која текстот го напиша Елвир, и денес звучи модерно и современо, докажувајќи дека добрата музика не познава време. Елвир ќе ја испее оваа песна и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни 2026.

jLE4JQOpI6k

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања