Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Отворена аудиција за танчари - Играј на 2 хита на Јован Јованов и Елвир Мекиќ на нивниот коцерт во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-library75ebthi2mr32e5793vw

Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Но, двајцата музичари им даваат шанса на нивните фанови да бидат директни учесници на концертот и да настапат со нив на сцената во Скопје.

— реклама —

На 25 април (сабота) од 11 часот ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за играње, а имаат над 17 години.

Станува збор за перформанс на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел од целосно сценско шоу.

— реклама —

Аудицијата ќе се одвива во форма на работилница - пријавените учесници ќе учат кореографија, потоа пред жирито ќе танцуваат во мали групи, а секој ќе има можност да покаже што знае и преку freestyle.

Најдобрите 6 ќе бидат избрани од тричлено жири, меѓу кои и Јован Јованов, и во текот на следниот месец ќе имаат проби за да настапат на концертот.

Сите заинтересирани повеќе детали и формулар за пријава ќе најдат на линкот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfTEY2oytKpPAlQVD1bryEoChxLYSul0ad3_Jn9KaI0wKxXwQ/viewform?fbclid=PAb21jcARSwp9leHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZA81NjcwNjczNDMzNTI0MjcAAafq5q2vhzWXw9xr5T54QoFlsfZLTv680C3daBHpK-rAZ2Y_iQD-XubpziS4jA_aem_KxqFp8Y2v5dCZzFkJgqb2Q

Освен аудициите, на крајот на април, Јован и Елвир ќе ги најават и гостите за големиот концерт - 8 познати имиња од земјава и регионот.

Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе биде вистинско освежување пред почетокот на летото, настан кој ќе ја разбуди носталгијата на неколку генерации.

Картите се во продажба преку MK Tickets, на линкот https://mktickets.mk/event/jovan-jovanov-elvir-mekic-i-prijateli/ и веќе се распродаваат.

И не заборавајте: спремете си бел оутфит, зашто темата на концертот и дрес кодот е - бело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj256htg4tou65c8fGQd

Елвир Мекиќ и Маја Саздановска со изненадување за публиката - Хитот „Опасно“ по 18 години конечно доби спот

Магазин | пред 2 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања