Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача секоја земја самата да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „Астразенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.
„Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „Астразенека “, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.
Заеднички заклучок не донесоа ниту министрите за здравство на членките на ЕУ, и покрај повиците за координација меѓу земјите членки во борбата за отстранување на јавната недоверба кон вакцината.
фото: Архива