„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Емагазин: Ќе биде ли Ѓорѓе Иванов првиот претседател „избркан“ од работа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gjorge-ivanov-1

По вчерашната иноформација дека Основното јавно обвинителство Скопје почна предистражна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов се наметнува прашањето дали ќе следува постапка за импичмент односно барање на одговорност од претседателот пред Собранието односно Уставниот суд, пишува Емагазин.

— реклама —

Како што соопшти ОЈО Скопје, предистажната постапка е покраната постапувајќи по две анонимни пријави и дека веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот, наведуваат од ОЈО.

Премиерот Зоран Заев уште во јуни, годинава изјави дека е можно собраниското мнозинство да побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција.

— реклама —

За успешна постапка за импичмент според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински мнозинства и во Собранието и во Уставниот суд, пишува Емагазин.

Имено, во член 83 од Уставот на Република Македонија пишува дека за одземање на имунитетот на претседателот на државата „одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии“.

Во член 87 од Уставот, пак, пишува дека претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.

Ако собраниското мнозинство докаже дека Иванов не ги врши должностите во случаите со непотпишувањата на указите за Законот за употреба на јазиците и договорот за промена на името со Грција, тогаш постои можност од Собранието, каде власта веќе обезбеди двотретинско мнозинство пратеници, постапката да се пресели во Уставниот суд, кој не треба да се заборави дека дозволи одржување референдум, пишува Емагазин.

Крајниот збор за утврдување евентуална одговорност на претседателот Иванов има Уставниот суд кој по ова прашање треба да одлучи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања