По објавувањето на случајот со малата Ембла, македонската јавност се сплоти да се бори против дискриминацијата на лицата со посебни потреби.
Весна Петрушевска се присети на деновите кога нејзината ќерка Мина била исмејувана во училиште и ја раскажа нивната приказна.
„Ова е Ембла жртва на полусветови, примитивни и неуки луѓе. Ние живееме во земја каде се нема емпатија и сочуство. Не постојат деца со посебни потреби ,постојат луѓе без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања.
Ќе ви раскажам нешто што на Мина и се сличуваше после немилиот настан... Ја запишав во Јаха Кемал си велам ќе и биде поарно, помалку деца, поголемо трпение. Ама не!! Се собраа родители од нејзиниот клас и рекоа дека ако не се отпише Мина тие сите ќе си напуштеле школото. Ова ми го кажаа само после два месеца откако Мина почна со школо во Јаха Кемал. Началството ме замоли да не сум правела проблем.... бев бесна, лута, Џамбазов имаше идеја да им застанеме пред школо ќе се собереше народ ќе го затвореа. Да, после таков стрес детето е недоверливо и агресивно. Башка што беше изложена на булинг. Така да јас сум во прва борбена линија за Ембла и сите булирани деца.
Патем кај мене во актерската школа имам неколку деца со посебни потреби и другите деца ги учам како да постапуваат со нив, како да совладаат текст заедно, како да споделуваат и многу љубов,многу љубов. Ембла кога сакаш да се видиме тука сум. Во оваа држава по милионити пат повторувам дека нема поддршка за родителите како и тие да се справат со сопствените деца. Тие се хероите исто. Кога зборувам за нив зборувам и за себе. Гајле им е на оние што во буквална смисла ги малтретираат децата", стои во објавата.