„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Емилија Рамбабова за „Утрински брифинг“: Парламентарното мнозинство е стабилно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
27052021_PVRSM_Zaev_Sobranie_2

Нашата пратеничка група уште во ноември предложи измени и дополнувања на постоечкиот Закон за работни односи со одредени цели да бидат изменети некои недостатоци коишто ги има постоечкиот закон. Овој предлог закон беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ на собраниска процедура, но оваа недела новиот предлог помина на комисија и истиот ќе овозможи задолжително пензионирање со 64 години и 15 години работен стаж и на тој начин ќе овозможиме ослободување на работните места, вработување на младите лица и унапредување на технолошкиот процес како едни од главните придобивки од оваа измена, истакна пратеничката од СДСМ Емилија Рамбабова за Утрински брифинг.

— реклама —

Деновиве наидуваме на спротивставување на Левица во однос на предлог законот за државјанство за кој заклучуваме дека нема ништо спорно, бидејќи повлечен е членот со кој се предвидуваше да се добие државјанство со 3 сведоци, измени има во однос на роковите за престој, но сите промени во целост се усогласени со европските пракси. Сето она што е во согласност со европската конвенција за државјанство ќе биде прифатено од нас како партија, посочи пратеничката Емилија Рамбабова.

Пратеничката Емилија Рамбабова смета дека овој закон нема да ја промени сликата на нашето општество, а црвената рампа од Левица е чист популизам и обид за собирање политички поени пред локалните избори. Целта на законот е одредена група граѓани коишто со децении живеат во државата, а по различни основи досега не биле во можност да добијат државјанство, да можат да добијат државјанство и со тоа да остваруваат основни граѓански права, како што се здравствено, социјално осигурување и вработување.

— реклама —

Во однос на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ново парламентарно мнозинство пратеничката Емилија Рамбабова истакна дека тоа се стари филмови на Мицкоски во коишто ниту во белата палата не веруваат. Во последните месеци слушавме блефови за пад на владата, и гледавме дебакли при поднесувањето на интерпелациите за одредени министри во собрание. Меѓутоа, кога премиерот Зоран Заев побара да се изгласа доверба на влада, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата и за првпат во историјата доверба беше изгласана без ниту еден глас против.

„Сметам дека парламентарното мнозинство е стабилно, со можност да расте, затоа што граѓаните веруваат и гледаат кој работи за нив и за државата, а кој постојано шири деструкции, лажни вести и ги кочи сите реформи коишто сакаме да ги спроведеме во државата“, истакна пратеничката Емилија Рамбабова.

Во однос на прашањето дали се склучуваат договори за коалиции, пратеничката Емилија Рамбабова посочи дека пред неколку недели СДСМ го избра своето раководство, во тек се постапките за избор на работните тела во комисиите и дека се уште е рано да се зборува за кандидати и коалиции. Во следниот период започнува номинирањето на кандидатите, а по донесувањето на одлуките јавноста ќе биде известена.

Во однос на законот за наставници и стручни соработници Емилија Рамбабова посочи дека законот е во собраниска процедура на комисијата за образование наука и спорт, но не е изгласан ниту пак е ставен на дневен ред бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја кочат и опструираат работата на комисијата преку процедурални јавувања. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ опструира и одолговлекува како и во многу други случаи, бидејќи не работи за интерес на граѓаните. Овој закон е од исклучителна важност, бидејќи се трансформираат решенијата на наставниците на неопределено време и со тоа се ослободуваат наставниците од стрес, им се обезбедува правна, социјална и економска сигурност и се подобрува квалитетот на образованието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања