Емина Јаховиќ наводно војува со поранешниот сопруг Мустафа Сандал за имот вреден 20 милиони евра. Емина денеска на суд во Истанбул ќе се соочи со турскиот поп пејач со кој веќе три години не може да се договори кој ќе ги поседува куќата и музичкото студио по разводот.
Според „Информер“, поранешните сопружници ја водат најголемата битка околу вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и студиото кое го купиле за четири милиони евра.
-Емина му се налути на Сандал бидејќи се обидува да ја остави без ништо, иако се во брак десет години. Проблемот е што Мустафа бара да се продадат двата имота и поголемиот дел од парите од продажбата да одат кај него! Емина затоа ангажирала неколку адвокати кои на суд ќе се обидат да докажат дека се работи за имот стекнат во брак, кој не може да го отуѓи без нејзина согласност - вели добро упатен извор на „Информер“ и додава дека Емина не сака да ја напушти куќата каде тие живееле со синовите Јаман и Јавуз.
-Таа вила е една од најубавите во Турција. Има два базени, терен за голф, теретана, шест спални соби и прекрасен поглед на градот. Емина сака да продолжи да живее таму со момчињата, додека Мустафа сака да ја продаде и да купи станови. Покрај луксузната вила, пејачите се караат и за музичкото студио кое заедно го купиле за четири милиони евра. Емина го поминуваше најголемиот дел од времето во него, а таму се напишани сите нејзини песни од последните години. Затоа смета дека студиото треба да и припадне по разводот. Вложила многу во него и ни во најлошиот кошмар не можела да сонува дека Мустафа ќе се обиде да и го одземе. Се што заработила во бракот од песни, реклами и козметички линии го ставила на заедничка банкарска сметка. Во меѓувреме, Мустафа ја издвоил својата заработка и ја префрлал на тајни сметки. Никој освен него не знае колку пари на тој начин сокрил од Емина - објаснува соговорникот за споменатиот весник.