Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Емиратите сакале земјите од Заливот да го нападнат Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library0eq6jnjqf8b1bU7g5pG
wikimedia commons

Обединетите Арапски Емирати се обиделе да ги убедат соседните заливски држави, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Катар, да се приклучат на координиран воен одговор против Иран по неодамнешните ирански напади во регионот, но иницијативата била одбиена, објави „Блумберг“.

Според извори запознаени со разговорите, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, контактирал со регионалните лидери веднаш по почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари.

— реклама —

Мохамед бин Зајед сметал дека заливските држави треба заеднички да возвратат за да го одвратат Техеран, откако Иран претходно лансирал стотици дронови и ракети кон цели низ Заливот, меѓу кои пристаништа, аеродроми, хотели, станбени облакодери и енергетски постројки, а го затворил и Ормускиот Теснец, што предизвикало нарушувања во извозот на нафта и гас.

Но, според „Блумберг“, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и други лидери од регионот му порачале дека конфликтот „не е нивна војна“.

— реклама —

Одбивањето дополнително ги влошило и онака затегнатите односи меѓу Абу Даби и Ријад.

За време на разговорите, Мохамед бин Зајед наводно потсетил дека Советот за соработка во Заливот бил основан во 1981 година делумно и поради стравувањата од Иранската исламска револуција.

Сепак, Катар, Бахреин, Кувајт, Оман и Саудиска Арабија на крајот одбиле да се приклучат на координирана воена акција против Иран.

Катар, според извештајот, размислувал за одмазда по иранскиот напад врз постројката за течен природен гас „Рас Лафан“ во март, но подоцна се насочил кон дипломатски напори за смирување на тензиите.

По неуспехот да ги обедини заливските сојузници, Обединетите Арапски Емирати самостојно извеле ограничени удари врз Иран и ја продлабочиле безбедносната соработка со Израел.

„Блумберг“ наведува дека соработката вклучувала размена на разузнавачки информации, системи за рано предупредување и пресретнување ракети за време на конфликтот.

Обединетите Арапски Емирати биле меѓу најчестите цели на иранските напади, а Техеран кон таа земја лансирал речиси 3.000 дронови и ракети пред во април да биде постигнат прекин на огнот.

Во меѓувреме, Иран ги обвини Обединетите Арапски Емирати дека го поддржуваат воениот напад што САД и Израел го водат против Техеран.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на самитот на БРИКС во Индија изјавил дека Обединетите Арапски Емирати се „активен учесник во агресијата“.

Претходно, „Волстрит журнал“ објави дека Обединетите Арапски Емирати тајно извеле воени удари врз Иран, вклучувајќи и напад врз голема иранска нафтена рафинерија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кревкиот прекин на огнот меѓу САД и Иран сè уште е на сила, но дека „едвај опстојува“, притоа оценувајќи го најновиот ирански мировен предлог како „целосно неприфатлив“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0eq6jnjqf8b1bU7g5pG

Емиратите градат нов нафтовод за да го заобиколат Ормускиот теснец

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
dron1

Обединетите Арапски Емирати пресретнаа два дрона што пристигнале од Иран

Свет | пред 3 седмици

media-libraryt6ned9vos5g8dmdgv4k

Ирански дронови погодија голема рафинерија во Емиратите, избувна пожар

Свет | пред 1 месец

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Укинати сите ограничувања: Авионите повторно летаат над Емиратите

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања