Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Енергетска криза ја тресе Унгарија: Партијата на Орбан тврди дека новата влада е неспособна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Рекордно нискиот водостој на реката Дунав ја принуди унгарската нуклеарна електрана „Пакш“ делумно да го запре производството на електрична енергија, што предизвика загриженост во екот на летната потрошувачка.

— реклама —

Поголемиот дел од реакторите се исклучени бидејќи електраната нема доволно вода за ладење. Доколку водостојот дополнително се намали, на „Пакш“ ѝ се заканува целосно запирање на работата за првпат по 42 години, што би можело да доведе и до ограничувања во снабдувањето со електрична енергија.

— реклама —

Кризата е првиот голем предизвик за новиот унгарски премиер Петер Маѓар, кој најави дека недостигот ќе се надомести со зголемено производство во други електрани, поголем увоз на струја и апел до граѓаните и компаниите доброволно да ја намалат потрошувачката.

— реклама —

Опозицискиот Фидес, предводен од поранешниот премиер Виктор Орбан, ја обвини владата дека не успева да се справи со ситуацијата, додека од владејачката партија Тиса возвратија дека кризата е последица на недоволните инвестиции во инфраструктурата за време на претходната власт.

— реклама —

Електраната „Пакш“ вообичаено обезбедува околу 40 проценти од потребите на Унгарија за електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

lgbti

Голема промена во Унгарија: Парламентот ги укина спорните ограничувања за ЛГБТ+ содржините

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар смета дека децата подобро е да растат со истополови родители отколку во домови

Свет | пред 3 седмици

arheolozi-678x381-1

По две илјади години откриена мала фигурина на римската божица Венера во Унгарија

Свет | пред 3 седмици

media-library52ppof764n1v3vs10JZ

Уапсени двајца поранешни министри од владата на Орбан поради сомнежи за корупција

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања