Енормно високи: Девет илјади евра е најмалата казна, 140 евра е најголемата доколку се продаваат пластични кеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
market

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за парче.

— реклама —

Новините произлегуваат од новиот Закон за управување со пакување и отпад.

— реклама —

Како што неодамна најавија од Владата, целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба

— реклама —

Според законот, глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра за микротрговци, од 18.000 до 20.000 евра за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра за средни трговци и од 89.000 до 98.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице според прекршочни санкции од прва категорија, доколку податоците од евиденцијата на квартална основа на бројот на продадените кеси не ги пријавува кај стручниот орган согласно членот 10 став (5) од овој закон, пишува во Законот.

Според прекршочни санкции од втора категорија, глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра за микротрговци, од 25.000 до 28.000 евра за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку пушта на пазар пластични кеси за носење стоки спротивно на членот 10 (кој забранува пуштање пластични кеси во употреба), произведува и/или пушта на пазар пакувања кои не се изработени согласно барањата од членот 12 од овој закон и уште многу други потточки, велат во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања