По приемот на Инфективната клиника на пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ со симптоми на ковид-19, претседателот на Собранието Талат Џафери итно сабајлево се јавил кај претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Не се знае дали Собранието ќе продолжи да работи со физичко присуство на пратениците, сè зависи од резултатите од епидемиолошката анкета со пратениците која почнува да се прави веднаш, објави СДК.МК.
Караџовски не одговарал на телефонските повици, но извори за СДК.МК велат дека на спикерот Џафери му било кажано оти епидемиолози од Центарот за јавно здравје ќе ги анкетираат пратениците поединечно за контактите со него. Потоа ќе се одлучи дали поединци ќе одат во изолација, или сите 120 пратеници.