Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ердоган до ЕУ: Секогаш наоѓавте изговор да нè држите пред врата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryrov3e5g348259cQVVDu
ФБ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати директна порака до Европска унија, обвинувајќи ја дека со децении применува двојни стандарди и намерно ја држи Турција надвор од членството.

„Секогаш наоѓавте изговор да нè оставите пред вратата“, порача Ердоган, нагласувајќи дека прашањето повеќе не е каде стои Анкара, туку каква иднина си ја црта Брисел.

— реклама —

Тој оцени дека Унијата не може да биде вистински глобален играч без Турција како полноправна членка и предупреди дека „стратешката кратковидност“ и понатаму доминира во европските институции.

— реклама —

Ердоган потсети дека процесот на приближување трае уште од 1959 година, но според него, Турција постојано се соочувала со предрасуди – од критики за демократијата, преку економски стравови, до прашања поврзани со верата и идентитетот.

„Понекогаш ја напаѓаа нашата демократија, понекогаш нашата економија ја гледаа како закана, а понекогаш нашата вера ја користеа како изговор за исклучување“, рече тој.

— реклама —

И покрај тоа, Анкара, како што нагласи, продолжува со напорите за членство и бара од ЕУ да се ослободи од политичките и историските предрасуди и да гради „искрени и рамноправни односи“.

— реклама —

Ердоган испрати и геополитичка порака дека светот веќе не е еднополарен и дека Турција се позиционира како еден од клучните актери во новиот глобален поредок.

„Не сме држава на која ѝ се чука на врата само кога е потребна. И нема да бидеме“, заклучи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

plenkovich

Пленковиќ откри кој ќе ја претставува Европа во мировните разговори за Украина

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Кои се најбогатите европски држави? Лихтенштајн убедливо на врвот, Македонија далеку под просекот

Свет | пред 18 часа

media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Европа бара работници, но квалификуван кадар нема: Во Германија едно место се пополнува за речиси осум месеци

Свет | пред 2 дена

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања