„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ероган е крив за строгите процедури на Интерпол, Груевски слободно може да шета низ светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gruevski-orban

Меѓународната полициска организација на Интерпол со седиште во Лион без дозвола на земјата членка на оваа организација не споделува информации за конкретни индивидуи, односно оттаму не одговараат зошто повеќе од два месеца не ја објавуваат меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, кој се гони за терористичко загрозување на уставниот поредок. Обвинителството за гонење на организираниот криминал тврди дека до Интерпол се доставени сите документи потребни за да биде распишана меѓународната потерница, но Интерпол официјално одбива да ја објави. Образложение нема, а според неофицијални информации процедурата за објавување на меѓународни потерници во Интерпол е заострена откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган барал распишување вакви потерници за сите негови неистомисленици.

— реклама —

Кога станува збор за распишување потерница надвор од земјата, тоа не оди автоматски кога се во прашање кривични дела поврзани со тероризам, односно како што е во случајов терористичко загрозување на уставниот поредок.

Од Министерството за внатрешни работи нема никаков одговор дали се испратени сите потребни документи до Интерпол и дали тие добиле некаков одговор за потерницата по Груевски.

— реклама —

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов вели дека нераспишувањето на меѓународната потерница најверојатно не е поврзано со тоа што Груевски доби азил во Унгарија бидејќи овој азил важи само за во Унгарија и доколку тој ја напушти оваа земја со потерницата, Груевски би бил уапсен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања