„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЕСЕ: Жените кои бегаат од семјно насилство тонат во сиромаштија - земаат кредити или позајмуваат од роднини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
IMG_5581

Со почетокот на 16-те дена на активизам против насилството врз жените, Здружението ЕСЕ предупредува дека најневидливата, но најраспространета последица од семејното насилство е длабоката економска несигурност во која западнуваат жените и децата по напуштањето на насилната заедница. Како што истакнуваат од организацијата, насилството не завршува со заминувањето од домот – тогаш започнува тешката економска борба.

— реклама —

Според податоците на ЕСЕ, дури 80 проценти од жените биле спречени да работат од партнерот, а 42 проценти го изгубиле работното место како директна последица од насилството, што значи дека многу од нив ја започнуваат транзицијата кон нов живот со речиси уништена економска основа. Ситуацијата дополнително се влошува со високите, често приватно плаќани здравствени трошоци – лекови, хоспитализации, матичен лекар и итна помош – за кои многу жени немаат пристап до јавни услуги или навремена поддршка.

По напуштањето на домот, жените се соочуваат со нови трошоци за сместување, кирија, сметки, транспорт, основен мебел и секојдневни потреби, а поради недоволната државна поддршка, над 90 проценти од нив земаат кредити или позајмици од роднини и пријатели за да преживеат во првите месеци.

— реклама —

Издршката за децата, според анализата, исто така не ги обезбедува потребните средства: во повеќе од половина од случаите судски определената издршка е недоволна, а 70 проценти од жените се соочуваат со ненавремена или целосно неплатена издршка. Повеќето избегнуваат да ги користат законските механизми поради долгите и скапи постапки, но и поради страв од одмазда од насилниот партнер.

Од ЕСЕ порачуваат дека потребни се итни системски решенија: финансиска помош во првите 6 до 12 месеци по напуштањето на насилната заедница, програми за вработување и преквалификација, функционален механизам за наплата на издршката, како и координирана институционална поддршка за надминување на економските последици од насилството.

„Без економска сигурност, секоја жена што се обидува да избега од насилството ризикува сиромаштија, повторна виктимизација или враќање кај насилникот“, предупредуваат од ЕСЕ, повикувајќи ја државата да воспостави стабилен систем на финансиска и институционална поддршка за жените и децата во периодот на транзиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

semejno-nasilstvo

Два одделни случаи насилство врз жени во Тетово и Скопје

Македонија | пред 3 седмици

media-library62m7usajp8t27xIhbvI

(Видео) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!

Скопје | пред 1 месец

policija-2457

Работел во нивниот двор, па по расправија го нападнале: Скопјанец пријавил напад од две жени во Аеродром

Скопје | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

(ВИДЕО) „391 жртва само за три месеци“: Насилството не е приватна работа, туку наша заедничка одговорност“

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања