Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ескалира трговскиот спор меѓу Канада и САД: Отава воведе царини до 50 проценти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarylebk28mt2b2hfjqaFiE

Канадските царини за низа американски производи стапија во сила како одговор на новите царини што Вашингтон ги воведе кон крајот на август, што укажува дека засега нема знаци на смирување на трговскиот спор меѓу двете земји.

— реклама —

Новите царини од 15, 25 и 50 проценти опфаќаат американска стока вредна околу 20 милијарди долари, меѓу кои челик, млечни производи, електроника и суровини за производство на хартија.

— реклама —

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека мерките се неопходни за заштита на работниците и компаниите, но нагласи дека неговата земја не сака ескалација на спорот.

„Неактивноста би имала многу поголема цена“, порача Карни, додавајќи дека за иднината на Канада „нема да се одлучува во Вашингтон“.

— реклама —

Трговскиот спор меѓу двете соседни земји ескалираше откако Карни на 21 август ги прекина преговорите со Белата куќа. Тој ги обвини САД дека се обидуваат да наметнат „неправеден“ договор и дека сакаат Канада да ја претворат во американска „подружница“.

Како една од причините за прекинот на преговорите, Карни го посочи и барањето на Вашингтон Канада да го укине задолжителното двојазично означување на американските производи што се продаваат во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 10 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 22 часа

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања