Промени тема
Контакт

ЕСМ набави 90 илјади тони јаглен од Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
265231-0.Basic-jaglen

Електрани на Северна Македонија објави дека е прифатена понуда од 90 илјади тони јаглен од Косово за потребите за РЕК Битола, додека за останатите 810.000 тони ќе има повторно нов, односно трет повик за прибирање понуди.

„Од деветтте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во Р. Македонија и од регионот, дел од понуди не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација.

— реклама —

Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј“, се вели во соопштението на најголемиот производител на струја во земјата.

Само понудата на јаглен од Косово ги задоволувала техничките, финансиските и количинските барања на повикот.

— реклама —

„Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК-државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини“, се дополнува во информацијата.

— реклама —

АД ЕСМ,дополнува дека нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања