Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Етна повторно еруптира: Пепелта ги прекина летовите, воведени вонредни возови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0
screenshot x

Поради ерупцијата на вулканот Етна е нарушен воздушниот сообраќај на аеродромот „Винченцо Белини“ во Катанија, откако облак од вулканска пепел и фонтана од лава од кратерот Вораџине го зафатија подрачјето над аеродромот.

— реклама —

Поради исфрлањето вулканска пепел во атмосферата и затворањето на воздушниот простор во правец на југозапад, кризниот штаб на компанијата SAC, која управува со аеродромите во Катанија и Комизо, ја продолжи суспензијата на пристигнувачките летови до 16 часот, пренесува порталот „Сицилија“.

Претходно беше најавено дека забраната ќе трае до пладне.

— реклама —

Ограничувањата не се однесуваат на поаѓачките летови на авионите кои веќе се наоѓаат на аеродромот.

— реклама —

За да им се олесни на патниците продолжувањето на патувањето, италијанската железничка компанија „Трениталија“ воведе вонредни железнички линии.

На патниците чии летови се погодени од прекинот им беше советувано да се упатат кон железничката станица кај аеродромот во Палермо, од каде што е обезбеден вонреден воз без попатни запирања до главната станица „Палермо Чентрале“.

— реклама —

Уште еден вонреден воз тргна од Палермо во 9:15 часот, преку Месина, кон Катанија, со капацитет од 500 места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0

(Видео) Силен облак од пепел од Етна, прекинат дел од авионскиот сообраќај на Сицилија

Свет | пред 1 месец

uploads_thumbs_resize_800x420_377935

Етна ги збунува научниците: Ново откритие за најактивниот вулкан во Европа

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања