Промени тема
Контакт

(Видео) Силен облак од пепел од Етна, прекинат дел од авионскиот сообраќај на Сицилија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0
screenshot x

Вулканот Етна, еден од најактивните во Европа, денеска повторно исфрли големи количества вулканска пепел, поради што привремено беа прекинати сите пристигнувања на Меѓународниот аеродром „Катанија Винченцо Белини“ во Италија.

Според локалните медиуми, засилената вулканска активност следува откако на 26 јуни се отвори нова пукнатина во кратерот Вораџине на врвот на Етна.

Од Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) соопштија дека исфрлањето на пепелта започнало околу 7:45 часот по локално време, а активноста дополнително се засилила околу 8:45 часот.

— реклама —

Облакот од вулканска пепел достигнал височина од околу 1,5 километри, а според прогнозите, во текот на денот ќе се движи кон југ.

— реклама —

Поради високата концентрација на пепел во атмосферата, компанијата што управува со аеродромот во Катанија соопшти дека привремено се прекинати сите пристигнувања на авиони, додека полетувањата се одвиваат со ограничувања.

На патниците им се препорачува пред поаѓање да го проверат статусот на своите летови кај авиокомпаниите.

— реклама —

Етна, висока околу 3.300 метри, е најголемиот активен вулкан на европското копно.

media-library2gv6rk51jfcf6tC7KXE

(Видео) Вулканот Етна повторно се разбуди: Лава и огромни облаци од пепел над Сицилија

Највисокиот активен вулкан во континентална Европа, Етна, повторно се активираше, исфрлајќи лава и огромни облаци од вулканска пепел над Сицилија, пренесува „Евроњуз“.Според локалните медиуми, еруптивната активност продолжува по пукнатината што се отворила на 26 јуни во кратерот Вораџине, кој се наоѓа на врвот на вулканот, на надморска височина од околу 3.000 метри.Од кратерот се исфрлаат различни количества пепел, додека лавата продолжува да тече по падините на вулканот. Огнената река може да с

Свет | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0

Етна повторно активна: Вулканскиот пепел го наруши воздушниот сообраќај на Сицилија

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0

Нови проблеми со летовите на Сицилија: Етна повторно исфрла вулканска пепел

Свет | пред 4 седмици

etna

Ерупцијата на вулканот Етна направи хаос на Сицилија: Откажани 700 летови

Свет | пред 1 месец

media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0

Етна повторно еруптира: Пепелта ги прекина летовите, воведени вонредни возови

Патувања | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања