Промени тема
Контакт

ЕУ е се подалечна со Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lorenco

ЕУ со Заев е се подалечна цел, се што остана е сликата од авионот, лага до лага, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев 5 години е власт, а 3 години од фамозната фотографија од владиниот авион каде тој, Османи, Димитров и Анѓушев со кренати палци кажаа дека сме добиле датум. Три години датум ниту на повидок.

ЕУ е се подалечна со Заев.

— реклама —

Иако главно ветување на Заев беше дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, тој целосно потфрли, и не само што не сме членка, ниту пак сме ги почнале преговорите, туку и државата е во најлоша состојба до сега.

— реклама —

По индикаторите за корупција и криминал Македонија е на врвот во регионот и Европа. Лошата слика за државата со Заев на чело стана наша лична карта.

Државата не може да оди напред со шверцери на дрога, местачи на тендери, криминалци и секакви бандити какви што има во власта.

— реклама —

Време е за промени, победи и проекти. А, по промените ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави државата на брза трака за влез во ЕУ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања