„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЕУ го избра Пицула да биде известувач за Србија; Вучиќ: Ја разбравме пораката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-10-23-084408

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула е именуван на три важни функции, меѓу кои се издвојува онаа на постојан известувач за Србија, соопштија вчера од кабинетот на Пицула.

— реклама —

Имено, Пицула во следните пет години ќе биде задолжен за анализа, следење и известување до властите на Европската унија за ситуацијата во Србија и за усогласување со европското правно законодавство, основните вредности и конкретните политики.

На оваа позиција Пицула во име на Европскиот парламент ќе ги покрива сите теми поврзани со односите меѓу Европската унија и Србија и ќе го претставува Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

— реклама —

„Со оглед на големото искуство што го стекнав и моето познавање за состојбите во Западен Балкан, како и за политиката за проширување на ЕУ, ова назначување го доживувам како признание за мојата мината работа. Оваа нова позиција претставува континуитет на бројни активности, особено за време на мојот минат мандат.

Како и секогаш, го поздравувам и поддржувам фактот што политиката на проширување повторно е во фокусот на ЕУ. Очигледно има поголема политичка поддршка од претходно, но пристапниот процес сепак мора да се заснова на исполнување на критериумите! Секоја земја треба да се оценува поединечно според нејзините резултати“, посочува Пицула.

Стигнаа реакции и од Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија добро ја разбира пораката што и ја испрати Европскиот парламент со назначувањето на хрватскиот пратеник Тонино Пицула за известувач на Европскиот парламент за Србија.

„Не брзам да коментирам, ќе разговараме со него и ќе соработуваме со него. Но, многу добро ја разбравме пораката на Европскиот парламент“, рече Вучиќ по трилатералната средба со премиерите на Словачка Роберт Фицо и Унгарецот Виктор Орбан во Комарн, одговарајќи на прашање за назначувањето на Пицула.

Вучиќ истакна дека најголем дел од функциите во Европскиот парламент, кои се однесуваат на Србија, ги извршуваат Естонците.

„Знаете дека Каја Калас е одговорна за безбедноста и надворешните работи на Европската унија. Главен човек е Матија Маасикас, исто така од Естонија. Значи двајца од нив се од Естонија. Знаете ли кој е известувач за таканареченото Косово во Европскиот парламент? Според моите сознанија, сега повторно ќе биде назначен Естонец. А знаете ли кој раководи со Канцеларијата на Европската комисија во Косово? Повторно естонски. Сосема необично, ќе се согласите. Но, добро, ни доделија Хрват“, рече Вучиќ и додаде дека проблемот не е во тоа што Пицула е Хрват, туку во неговите ставови.

Реагираше и Ана Брнабиќ.

„Секоја чест. Разбравме се“, напиша на Твитер Ана Брнабиќ, шеф на српскиот парламент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања