Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ЕУ го казни Tему со 200 милиони евра поради опасни производи за бебиња и неисправни полначи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg
unsplash

Тему е казнет со 200 милиони евра од страна на Европската комисија, откако европската истрага утврдила дека платформата продавала опасни производи, меѓу кои небезбедни играчки за бебиња и неисправни полначи.

Од Комисијата соопштија дека Тему не успеал соодветно да ги процени и спречи ризиците што нелегалните и небезбедните производи ги претставуваат за европските потрошувачи, што претставува прекршување на европскиот Закон за дигитални услуги (DSA).

— реклама —

Истрагата била отворена во октомври 2024 година за да се провери дали платформата ги исполнува обврските што важат за големите онлајн-сервиси во Европската Унија.

— реклама —

Во рамки на проверките биле спроведени и тајни купувања преку платформата, а тестирањата ги извршила независна организација. Резултатите покажале дека значителен број полначи не ги поминале основните безбедносни стандарди, додека дел од играчките за бебиња содржеле хемикалии над дозволените граници или имале мали делови што можат да предизвикаат задушување.

— реклама —

Комисијата го критикуваше и начинот на функционирање на платформата, наведувајќи дека Тему не анализирал доволно како неговите алгоритми за препораки и промоциите преку инфлуенсери придонесуваат за ширење на опасни и нелегални производи.

Хена Виркунен, потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, изјави дека проценките на ризикот „не се само формалност“.

„Тему сериозно ги потцени специфичните ризици. Проценките не се доволно прецизни, засновани на докази или сеопфатни. Ова ги лиши регулаторите и корисниците од вистинска слика за потенцијалната штета што можат да ја предизвикаат нелегалните производи на платформата“, изјави Виркунен.

Европската комисија му наложи на Тему до 28 август 2026 година да достави план со кој ќе објасни како ќе ги исправи недостатоците и ќе го усогласи работењето со европските правила.

Доколку компанијата не ја исполни одлуката, може да се соочи со дополнителни санкции.

Од Европската комисија најавија дека ќе продолжат внимателно да го следат работењето на платформата и нејзиното усогласување со европските дигитални прописи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

За мали пратки од Тему и Шеин ќе се плаќа 3 евра царина, ЕУ воведува нова мерка

Свет | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

ЕУ сака да стопира влез на кинеска роба преку Тему и Шеин

Свет | пред 5 месеци

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, ама граѓаните нема да плаќаат повеќе

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Нарачките од Тему и Али експрес поскапуваат

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања