ЕУ и порача на Русија: Не ги добивате замрзнатите средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Европската унија нема намера да ги префрли приходите од замрзнатите средства во Русија и по укинувањето на санкциите.

— реклама —

Советот одлучи дека руските приходи не се сметаат за суверени средства. Одлуката ќе стапи во сила на 23 мај, според проширената одлука на Советот на ЕУ, објавено е во Службен весник на ЕУ.

„Неочекувани и вонредни приходи не треба да бидат достапни на Централната банка на Русија, во согласност со сегашните правила, дури и по укинувањето на забраната за трансакции“, се наведува во документот, Советот на ЕУ одлучи дека приходите од руските резерви „не припаѓаат суверени фондови, а со тоа и нормите за заштита на суверените фондови не се применливи за нив“, пренесува Комерсант.

— реклама —

Под неочекувани и вонредни приходи, Советот на ЕУ подразбира приход што се акумулира благодарение на рестриктивните мерки. Прес-службата на претставништвото на Русија во Европската унија одлуката на Советот на ЕУ ја нарече кражба, наведувајќи дека „последиците од создадениот преседан ќе бидат непредвидливи“ за ЕУ.

На 21 мај, Европската комисија објави дека првите приходи од средствата на Централната банка на Русија ќе бидат префрлени во Украина во јули. Планирано е 90 отсто од остварената добивка во 2024 година да биде насочена кон Украина преку Европскиот фонд за мир.

Оваа година Украина може да добие три милијарди евра од руските замрзнати средства. Парите ќе бидат наменети за воена помош. По почетокот на специјалната воена операција во Украина, ЕУ и земјите од Г7 замрзнаа околу 280 милијарди долари средства на Централната банка на Русија. Повеќето од овие средства се чуваат од белгискиот депозитар Euroclear.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања