Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ испраќа пет милиони евра итна помош за Венецуела по разорните земјотреси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5
screenshot X

Европската Унија обезбеди пет милиони евра итна хуманитарна помош за заедниците погодени од катастрофалните земјотреси во Венецуела, соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас.

— реклама —

Таа на социјалната мрежа Икс информираше дека разговарала со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, за да ја изрази солидарноста на Европа со венецуелскиот народ.

— реклама —

Калас истакна дека Европската Унија го активирала Механизмот за цивилна заштита, а неколку земји членки веќе испратиле тимови за потрага и спасување, пожарникари и медицински персонал.

— реклама —

Дополнително, сателитскиот систем „Коперникус“ на ЕУ се користи за проценка на размерите на штетите и за насочување на помошта кон најпогодените подрачја.

— реклама —

Според последните информации на властите, најмалку 1.430 лица загинале во двата последователни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, кои во средата го погодија северниот дел на Венецуела. Повеќе од 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 2 дена

— реклама —
grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 3 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 5 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања