Промени тема
Контакт

ЕУ одобри 140,5 милиони евра неповратна помош за Босна и Херцеговина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
EU-1

Европската Унија одобри 140,5 милиони евра неповратна финансиска помош за Босна и Херцеговина во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) за периодот од 2025 до 2027 година.

— реклама —

Од Делегацијата на Европската Унија во Сараево соопштија дека ЕУ останува најзначаен и најдоследен партнер на Босна и Херцеговина, потсетувајќи дека претходно годинава Советот на министри и Претседателството на БиХ го ратификувале договорот со Унијата.

— реклама —
— реклама —

Средствата се наменети за поддршка на реформите потребни за усогласување на земјата со европските правила и стандарди. Финансиската помош ќе биде насочена кон проекти за економски развој, реформа на јавната администрација и институциите, управување со миграцијата, одржливо земјоделство, прехранбениот сектор и други области важни за процесот на пристапување во Европската Унија.

— реклама —

ИПА III е главниот финансиски инструмент преку кој Европската Унија ги поддржува земјите кандидати и потенцијалните кандидати во спроведувањето на реформите поврзани со евроинтегративниот процес. Неговата цел е да придонесе за зајакнување на институциите, подобро управување, поголема конкурентност на економијата и постепено усогласување на законодавството со европското право.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kuferi-odmor

Нова промена за авионските патници во ЕУ: до 7 килограми дополнителен рачен багаж без доплата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Свет | пред 3 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Цената на гасот над 70 евра: ЕУ повикана да ја намали потрошувачката

Свет | пред 1 седмица

mkd-429029

Фон дер Лајен добива критики од сопствениот табор за вештачката интелигенција

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања