Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ подготвува построги мерки против евтиниот увоз од Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryu65o3j1ubmpm8hNGGn1
Photo by V H on Unsplash

Европската Унија подготвува нови мерки за намалување на економската зависност од Кина и заштита на европската индустрија од евтин увоз, пишува „Политико“.

Според интерен документ на Европската комисија, Брисел планира поостра трговска политика кон Пекинг и можни нови истраги за увоз што ѝ штети на европската економија.

— реклама —

Една од опциите е воведување царински квоти за дополнителни индустриски сектори, по примерот на мерките што веќе важат за челикот и феролегурите.

— реклама —

Европската комисија размислува и за нов механизам против прекумерното кинеско производство поддржано со државни субвенции, што според Брисел создава нелојална конкуренција за европските компании.

Плановите ќе бидат разгледувани на состанок на европските комесари кон крајот на мај, а потоа и на самитите на Г7 и Европскиот совет во јуни.

— реклама —

Во меѓувреме, трговскиот дефицит на Европската Унија со Кина достигна 359,3 милијарди евра во 2025 година, што е речиси 20 проценти повеќе од претходната година.

— реклама —

Брисел стравува од забрзана деиндустријализација, особено во автомобилската, хемиската и технолошката индустрија, поради растечкиот увоз на поевтини кинески производи.

Како дел од новата стратегија, Европската Унија веќе најави ограничувања за користење кинеска технологија во енергетиката и построги правила за кинеските инвестиции и телекомуникациска опрема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ursula

ЕУ одобри речиси осум милијарди евра помош за Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryl26uegu4mlod1EX7wLW

ЕУ одобри рекордни 7,9 милијарди евра помош за Украина по спроведените реформи

Свет | пред 1 ден

media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 4 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања