„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ЕУ потврди - Пуштањето на законите за Бехтел и Енка со европско знаменце е злоупотреба, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Македонија денес потврди дека анти-работничката и криминална власт на ДУИ и СДС, наспроти нејзините лажни заложби за европски вредности, е и анти-европска, вели Левица.

— реклама —

„По најавата на шверцерско носење на законите во корист на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, со кој се суспендираат македонските закони и се воведува 60-часа работна недела, преку европско знаме без собраниска расправа, делагацијата на ЕУ изрази загриженост дека власта во овој случај повторно го злоупотребува европското знаменце, со цел заобиколување на јавни консултации и демократските законодавни процедури.

Со ова, Европската Унија го потврдува ставот на Левица дека употребата на европското знаменце на законите за коридорите 8 и 10-д не е во согласност со стандардите на Унијата и би претставувало кривично дело.

— реклама —

Левица веќе има поднесено кривични пријави за службеници кои имаат претходно овозможено злоупотреба на европското знаменце и јавно изјавува дека по падот на овој анти-европски режим, ќе има кривичен прогон и за службениците кои и во овој случај ќе ќе ги прекршат македонските закони и европските стандарди“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања