Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ЕУ повторно воведе санкции против Иран по одлуката на ОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
EU-1

Европската унија денеска потврди дека повторно воведува санкции против Иран, по одлуката на Обединетите нации, на фоне на несогласувањата меѓу Западот и Техеран околу иранската нуклеарна програма.

— реклама —

Според соопштението на Советот на министри на ЕУ, блокот од 27 држави „повторно воведува низа рестриктивни мерки во врска со иранските активности за пролиферација на нуклеарно оружје“. Одлуката е усогласена со повторното активирање на санкциите кон Иран што во саботата навечер го донесе Советот за безбедност на ОН.

— реклама —

Мерките се насочени кон компании, организации и поединци кои директно или индиректно придонесуваат за иранската нуклеарна програма или за развој на балистички ракети – преку обезбедување опрема, знаење или финансирање. Европскиот пакет ги опфаќа санкциите на ОН, но и дополнителни чекори, меѓу кои замрзнување на средствата на Централната банка на Иран и повеќе трговски и економски ограничувања.

Иран го осуди враќањето на санкциите како „неоправдано“, а заедно со Русија и Кина го смета потегот за незаконит.

— реклама —

Бидејќи не беше постигнат договор со Техеран, стапи во сила механизмот за автоматско враќање на санкциите („snapback“), кој на 28 август го активираше групата Е3 (Германија, Франција и Обединетото Кралство). Со тоа повторно важат одредбите што беа суспендирани со нуклеарниот договор од 2015 година, познат како Заеднички сеопфатен акциски план (JCPOA).

Е3 систематски предупредува дека Иран збогатува ураниум на нивоа далеку над потребите за цивилни цели. Според европски експерти, Иран во моментов располага со околу 450 килограми ураниум збогатен на 60 отсто и се приближува кон 90 отсто – прагот што би овозможил производство на осум до десет нуклеарни бомби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Водата станува глобален проблем: ЕУ предупредува на суши, миграции и конфликти

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-library99m7hee7s5e17Vc578F

ЕУ бара намалување на трговскиот дефицит со Кина, разгледува нови ограничувања

Свет | пред 18 часа

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од новата руска ескалација во Црното Море

Свет | пред 1 ден

ursula-1

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања