Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library02i35qhog8thag61W4q

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската Унија денеска се состануваат во Луксембург, каде што главни теми ќе бидат спроведувањето на Пактот за миграција и азил, враќањето на мигрантите во трети земји и состојбата во шенгенскиот простор.

— реклама —

На состанокот ќе се разговара и за предлогот за воспоставување механизам за итно дејствување во случај на ненадеен и масовен прилив на мигранти, по примерот на ситуацијата што летово се случи во шпанската енклава Сеута.

— реклама —

Една од разгледуваните можности е да се овозможи привремено запирање на постапките за одобрување азил во ситуации кога миграцијата се користи како средство за притисок или кога се соочуваат со масовни пристигнувања.

„Европа треба да ги има потребните средства за заштита на своите граници во сите околности, особено во сценарија во кои масовните движења се организираат и се користат против ЕУ“, изјавил еврокомесарот за внатрешни работи, Магнус Брунер.

— реклама —

Министрите се очекува да усвојат и регулатива со која ќе се овозможи воспоставување центри за враќање на мигранти во трети земји.

— реклама —

На дневен ред ќе биде и состојбата во шенгенскиот простор, во рамките на пошироките разговори за управувањето со надворешните граници и миграцијата во Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 54 минути

— реклама —
gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 3 дена

grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 4 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања