Промени тема
Контакт

ЕУ троши двојно повеќе енергија за ладење отколку пред шест години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
klima

Италија е земјата во Европската Унија што троши најмногу енергија за ладење, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2024 година.

Според статистиката, Италија потрошила 26,3 илјади тераџули енергија за разладување, пред Шпанија со 14,3 илјади и Грција со 11,9 илјади тераџули.

— реклама —

Евростат наведува и дека вкупната потрошувачка на енергија за ладење во ЕУ речиси се удвоила во периодот од 2018 до 2024 година, зголемувајќи се од 40,5 на 80,4 илјади тераџули.

Во најголем дел од овој период е регистриран континуиран раст, со исклучок на 2020 и 2023 година, кога е забележано благо намалување во споредба со претходните години.

Кипар и Малта имаат најголем удел на енергијата што домаќинствата ја користат за ладење – 16, односно 15 проценти. По нив следуваат Грција со 7,4 проценти, Шпанија со 2,5 проценти и Италија со 2,3 проценти.

— реклама —

Податоците укажуваат дека зголемените температури и сè почестите топлотни бранови придонесуваат за раст на потрошувачката на енергија за разладување низ Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања