Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Евакуиран крузер со над 1.500 лица по дојава за бомба кај грчкиот остров Сирос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
brod
Фото: Илустрација

Повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот беа евакуирани од крузерот „Crown Iris“, кој требало да исплови од грчкото пристаниште на островот Сирос кон Хаифа во Израел, по анонимна дојава за поставена бомба.

— реклама —

Според грчкиот јавен сервис ЕРТ, дојавата се покажала како лажна. По завршувањето на безбедносната проверка, на бродот не бил пронајден експлозив, по што на патниците им било дозволено повторно да се качат.

— реклама —

На крузерот, кој плови под панамско знаме, имало 940 патници и 597 членови на екипажот. Евакуацијата на вкупно 1.537 лица започнала нешто по 19 часот по локално време, а патниците биле сместени во објекти обезбедени од општините Сирос и Ермуполи додека траела проверката.

Заканата била испратена преку радиоврска од непознато лице, кое соопштило дека на подводниот дел од бродот има експлозивна направа. Капетанот веднаш ги известил пристанишните власти, по што припадници на крајбрежната стража започнале претрес.

— реклама —

Во акцијата учествувале и приватен нуркач, куче обучено за откривање експлозив и специјална единица на крајбрежната стража.

— реклама —

Дојавата за крузерот пристигнала истиот ден кога најмалку седум авиони низ Европа добиле закани за поставени бомби. Заканите предизвикале застои во воздушниот сообраќај, но ниту во еден од случаите не бил пронајден експлозив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryug9pqk2rhk489qvjbGy

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди грчкиот остров Крит

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
evn-rabotnici

Се претставувале како електричари и ограбувале домови: Четворица уапсени во Грција

Свет | пред 3 дена

media-library8btf7qj004gjaE20JAc

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Халкидики

Балкан | пред 4 дена

police_457542992-1-1021x580

Шест мигранти осомничени за напад и силување во Солун, жртвата ја фрлиле во морето

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања