Еве кој ќе биде министер за здравство, информатичко општество, без ресор, потпретседател на Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
29112021_PVRSM_Zaev-sredba_1

Од Алтернатива вечерва преку соопштение информираат дека Централното претседателство на Алтернaтивa, на својата седница, дискутирало за носителите на јавните одговорности во државните институции на Република Северна Македонија.

— реклама —

Од таму додаваат дека Централното претседателство дискутирало за начелата на квалитетното претставување на Алтернатива, избирајќи ги најдобрите и најквалитетни кадри кои ги има партијата.

— реклама —

Во продолжение целосното соопштение:

— реклама —

„Така, после една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во Статутот на Алтернатива, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива унанимно го прифати неговиот предлог.

Иако некои позиции остануваат да се потврдуваат деновиве, тука подолу ќе ги спомнеме некои од имињата кои ќе бидат носители на јавни функции во Собранието, Владата или во други ресори на извршната власт:

Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието на РСМ;

Беким Сали – министер за Здравство;

Адмирим Алити – министер за Информатичко општество и администрација;

Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората;

Лулзим Алиу – заменик министер за Образование и наука;

Абдулшиќир Абедини – заменик министер за Земјоделство;

Даим Лучи – заменик министер за Култура;

Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;

Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;

Дритан Беџети – директор на ПИОМ;

Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“,

Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;

Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.

На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.

На крајот претседателот Африм Гаши, честитајќи им на предложените носители најавни функции, побара од нив задачата што им е доверена да ја вршат со достоинство, почит и во согласност со политичките и етичките начела на Алтернатива“, велат од Алтернатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања