„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Еве што збореле на „вибер“ пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
27-april

На снимка од вештачењето спроведено на 14 јуни годинава за настаните во Собранието од 27 април 2017 година се гледа како лице од толпата го повлекува пратеникот Зијадин Села, а други лица го фаќаат и почнуваат да го тепаат. Од снимката,  како што рече обвинителката Ивана Трајчева на денешното судење, може да се види дека по Села удирале и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски.

— реклама —

Адвокатката на Пепиќ даде приговор на коментарот на обвинителката, велејќи дека не се гледа никаков контакт на Пепиќ и Села.

Приговор дадоа и обвинетите Пепиќ и Михајловски, посочувајќи дека не го удирале Села.

— реклама —

Претходно на денешното рочиште во Кривичниот суд  за настаните од „27 април“ се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група.

Во вибер комуникација меѓу Јохан Тарчуловски и Даре УМС Бутел од март 2017 година, од Јохан се бара да им среди кај Чавков за некое дело за неколку деца, на што обвинетиот Тарчуловски му одговра дека ќе среди. Потоа во порака Даре му пишува на Јохан да се јави кај судија да среди за постапката.

Во комуникација, пак меѓу двајцата на 27 април Јохан го известувале за состојбата надвор пред Собранието, а тој му пишува да извршат појак притисок.

Во комуникација пак од јануари 2018 година меѓу Тарчуловски и Борис од кабинетот на Иванов, Јохан пишува дека не попуштаат за 27. и дека не се држат до ветеното.

На судењето е презентирана и порака меѓу Мицкоски и Тарчуловски. Мицковски пишува „последното инфо од денеска е позитивно, дека утре и задутре ќе се решава” . Јохан пишува „а имаат ли сите жалби поднесено“, Мицковски одговара „да сите, а Јохан да сите 36“.

На 16 јануари 2018 година Тарчуловски му кажува на Христијан Мицкоски дека оди во Обвинителство да даде изјава.

Тарчуловски на 26 декември му пишува на Мицкоски “Не би било фер, ни корекно да се враќаме во Собрание без да ги пуштат затворените луѓе. Ќе биде контра ефект. Ќе почнат поголеми напади и плукања по нас. На тие луѓе внатре ние сме им последна шанса. Би требало да се направи поголем притисок за да се издејствува слобода. Сите го очекуваат тоа од нас“.

Прочитајте повеќе тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања