Промени тема
Контакт

Еве зошто ДУИ и СДСМ се мафија, анонимна фирма од Тетово стигнала до тендери од 4 милиони евра, обвинува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„Кога се разоткриваат криминалите и неспособноста, и ДУИ, како и партнерот СДСМ се обидуваат да се правдаат со напад и виктимизирање. Арно ама ова не поминува веќе исто како што не поминуваат и евтините трикови со зелена агенда, етнички теми или европски вредности“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот им ја прочита целата матрица на ДУИ и СДСМ, бидејќи додека осиромашуваат Македонците, Албанците, Србите, Турците и сите останати, мафијашите на власт се богатат. ДУИ и СДСМ прават се само да бидат на власт и сложно да крадат.

Јавноста со право се сомнева во чесноста на владеењето на ДУИ и СДСМ, во која сега само администрира пиунот Ковачевски.

— реклама —

Власта на ДУИ и СДСМ треба да објасни како една анонимна компанија која низ годините наназад работела на ситни тендери, одеднаш станува клучен партнер на министерството за образование и наука?

— реклама —

Согласно податоците доставени до Бирото за јавни набавки на 4 февруари, компанијата ХИЛДИН КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово е ангажирана на ДВА тендера за градежни активности во вкупна вредност од 225.878.041 денари или 3 милиони 673 илјади евра.

Министер од СДСМ тендерира, министер од ДУИ спроведува. За еден месец скоро 4 милиони евра добила една анонимна компанија. Сложно, нема што.

— реклама —

Поставуваме прашање според кој критериум токму ХИЛДИН КОМЕРЦ од Тетово е избрана за вакви крупни тендери, кои се особено атрактивни дури и за поголеми и пореномирани компании?

Како компанија која до пред некое време реализирала тендери од стотина илјади, доаѓа до тендери тешки милиони?“, додаваат тие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања