Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕВН ја исклучи струјата во Ректоратот, Машинскиот, Природно-математичкиот и други два факултета оти не платиле струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 38 минути -

Скопје
ukim

Неплатени сметки за електрична енергија оставија без струја повеќе факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зградата на Ректоратот. Од утринава електрична енергија немаат Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, дознава Скопје1.

— реклама —

Според информации на Скопје1, станува збор за долг од околу половина милион евра кон операторот за снабдување со електрична енергија, при што најголемиот дел од неплатените обврски се однесуваат токму на факултетите.

— реклама —

Исклучувања во наредните денови не се исклучуваат ниту кај културните институции, а опасност од прекин на снабдувањето има и кај Пошта.

Засега не е познато колку долго универзитетските објекти ќе останат без електрична енергија ниту дали ќе следуваат нови исклучувања или институциите во меѓувреме ќе подмират дел од долговите.

— реклама —

Покрај обврските кон снабдувачот со електрична енергија, јавните и државните институции имаат милионски долгови и кон ЕСМ. Според податоците на компанијата, тие надминуваат 24 милиони евра.

— реклама —

Редакцијата на „Скопје1“ стапи во контакт со Министерството за образование и наука и го очекува нивниот став за настанатата ситуација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-rabotnici

Планирани прекини на струјата во Илинден, Ѓорче Петров и Центар

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
osiguraci-struja-3

Дел од Аеродром, Петровец, Илинден и Сопиште без струја

Скопје | пред 2 дена

evn-rabotnici

Дел од Илинден, Кисела Вода, Гази Баба и Сопиште денеска без струја

Скопје | пред 5 дена

struja-1

Утре без струја делови од Илинден, Кисела Вода, Стајковци и Сопиште

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања