Промени тема
Контакт

Еврејската заедница против бугарското здружение „Цар Борис“ во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
ohridsko-ezero-ohrid-dron

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III во Охрид.

— реклама —

„Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани… или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!“, реагира заедницата.

— реклама —

Од таму велат дека се работи за еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите и бараат од државата да не дозволи регистрирање на субјекти со имиња поврзани со фашизмот.

„Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?

— реклама —

Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Северна Македонија.

— реклама —

Кои се тие лојални граѓани на Северна Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија”?“, гласи реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања