Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX
unsplash

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од нагло зголемување на цените во текот на зимата.

„Пониските нивоа на залихи природно го зголемуваат ризикот од поголема нестабилност на цените во текот на зимата“, предупредува аналитичарот за гас Грег Молнар.

— реклама —

Ситуацијата би можела дополнително да се влоши доколку Европа се соочи со долготрајни студени бранови или периоди со слаб ветер, бидејќи тогаш расте потрошувачката на гас за греење и производство на електрична енергија.

Европскиот пазар во текот на летото остана релативно мирен, бидејќи трговците очекуваа повторно отворање на Ормускиот Теснец, што би овозможило зголемен прилив на течен природен гас пред зимата. Сепак, очекувањата за брзо решение сè повеќе исчезнуваат.

— реклама —

„Паниката почнува да се шири“, вели Бјарне Шилдроп, главен аналитичар за суровини во банкарската групација СЕБ.

Резервите се намалиле по студениот крај на минатата зима, додека летните топлотни бранови дополнително ја зголемиле употребата на гасните електроцентрали.

— реклама —

Иако засега не се очекува физички недостиг на гас во Европа во текот на зимата, пазарите предвидуваат значително повисоки цени. Референтната цена на гасот во Европа во последните недели надминала 68 евра за мегават-час, што е највисоко ниво во повеќе од три години и повеќе од двојно над цената од почетокот на годинава.

Во зимските месеци Европа ќе мора да се натпреварува со азиските купувачи за испораки на течен природен гас. Аналитичарите на „Голдман Сакс“ проценуваат дека, доколку не се обнови редовниот извоз на гас од Блискиот Исток, цената во Европа би можела да надмине 100 евра за мегават-час.

— реклама —

Особено ниски резерви има во западниот дел на Европа. Германските складишта, кои се најголеми во Европа, се пополнети нешто над 50 отсто, додека во Белгија пополнетоста е околу 49 отсто, а во Холандија околу 44 отсто.

Подобра е состојбата во Италија, каде што складиштата се пополнети над 81 отсто, и во Полска, со пополнетост над 90 отсто. Според податоците на „Gas Infrastructure Europe“ од 23 август, хрватските складишта биле пополнети околу 68 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Кои се најбогатите европски држави? Лихтенштајн убедливо на врвот, Македонија далеку под просекот

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Европа бара работници, но квалификуван кадар нема: Во Германија едно место се пополнува за речиси осум месеци

Свет | пред 2 дена

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 3 седмици

market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања