Европратеници гледаат исто copy-pаste сценарио, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

Eвропратеници гледаат исто copy-paste сценарио во Македонија и во Србија. Европратеникот Владимир Пребилиќ, член на словенечката зелена партија Весна (Greens/EFA) наведува дека и Македонија и Србија имаат проблем со реформите во правосудството, вели СДСМ

— реклама —


„Реформите на правосудството предизвикуваат сериозна загриженост, особено кога станува збор за независноста на судството.

Неспроведувањето на реформите, корупцијата и криминалот, независноста на судството стануваат сериозна пречка.

— реклама —

Европската комисија во последниот Извештај за Македонија нотираше сериозни слабости во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и во работењето на Собранието.

СДСМ во неколку наврати предупредува на опасната анти ЕУ кампања која по ист рецепт ја спроведува ВМРО во Македонија како СНС во Србија.

Намерно се отвораат конфликти со соседите, намерно се обвинува Унијата, за да се оправда изолацијата и да не се спроведат реформите.

Ширењето на оваа анти ЕУ кампања оди и преку медиуми под контрола на авторитарниот Орбан кој го шири своето влијание на Балканот.

Пораката на европарламентарците е дека е потребно промена на курсот за да се искористи овој бран на проширување на ЕУ бидејќи никој не е сигурен кога ќе дојде наредниот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања