Европската Унија да забрза со носење на одлуки, порача Заев упатувајќи барање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
03092021_PVRSM_Zaev_promocija-na-kampanja_2

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода и затоа треба да го забрза процесот на донесување одлуки и тоа значи дека малите држави не треба да се третираат на ист начин како и големите држави“, вели претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто за австрискиот весник „Стандард“.

— реклама —

Премиерот Заев пред посетата на претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен на Скопје, вели дека по шеснаесет и пол години чекање, нема веќе што многу да се направи со оглед на тоа што нашата земја беше добар пример во последниве години кога станува збор за однесување на европски начин.

— реклама —

„Сигурно не сме најдобри, но ние сме добрата вест од Западен Балкан. Во моментов, ЕУ размислува за препораките што ќе бидат дадени на Самитот за Западен Балкан на почетокот на октомври, а има држави од ЕУ кои дури и не сакаат Унијата да продолжи да се фокусира на Западен Балкан“, вели премиерот Заев истакнувајќи дека кога станува збор за управувањето со континентот, ЕУ е заинтересирана да нé има таму, бидејќи Кина и Русија, исто така, имаат економски интереси на овој простор, што, како што нагласи Заев, не мора нужно да имаат врска со европските и демократските вредности.

— реклама —

Во интервјуто, премиерот Заев посочи дека Северна Македонија може да даде повеќе примери на решавање на разни спорни прашања, кои ќе ги сподели со останатите Европејци.

Еден од нив е Охридскиот мировен договор, кој е целосно имплементиран и е модел, кој покажува дека со малцинските прашања најдобро може да се справиме со зајакнување на локалната самоуправа.

„Ова е многу корисен модел, не само за Босна и Херцеговина, туку и за земјите од ЕУ кои имаат меѓуетнички проблеми. Тие би можеле да го искористат тоа - станува збор за давање моќ на граѓаните. Кога станува збор за прашања за идентитетот, договорот за името од Преспа со Грција може да биде пример за Европа, додава Заев во интервјуто за австрискиот медиум.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања