„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Европскиот Парламент ја поддржа Македонија и бара преговори во јуни 2019

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
evroparlament

 

— реклама —

Огромно мнозинство за Македонија синоќа дадоја европратениците на дебатата пред гласањето за извештајот за Македонија. Исклучок беа само неколку гласови од Грција и Бугарија. Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ и европратениците во Европскиот парламент  донесоа првичен позитивен заклучок по прикажаниот извештај за политичката ситуација во земјата. Хан  порачаа на македонските политичари да продолжат со реформите, особено во безбедноста и администрацијата. Исто така повикаа опозицијата да се вклучи во процесот. Хан порача дека оптимизмот за Македонија повторно се вратил кај него.

-Важно е реформскиот момент да се продлабочи во интерес на граѓаните, изјави Хан потсетувајќи на трите услови запишани во заклучоците на Советот на ЕУ од јуни – независно судство и борба против корупција, контрола на разузнавачките и безбедносните служни и реформата на јавната администрација, реформи без кои преговори не можат да бидат доделени.

— реклама —

Известувачот Иво Вајгл, но и други европратеници потсетија дека не само Македонија, туку и Европската Унија треба да ги исполни своите ветувања во евроинтегративниот процес. Тој како и многумина други го поздрави Преспанскиот договор и повика тој да биде комплетиран во македонското Собрание и порача дека верува дека преговорите со ЕУ ќе започнат во јуни 2019.

-За ова потребна е инклузивна демократска атмосфера, сите треба да соработуваат, треба да се модернизира судскиот систем, да се почитува владеењето на правото, да се создаде простор за слободни медиуми, да се заштитат новинарите и да се води ефикасна борба против корупцијата и организираниот кримина, порача Вајгл.

Тројца пратеници од Романија, која го презема претседателството со ЕУ од први јануари 2019, силно поддржаа почеток на преговори со Македонија и изразија жалење што досега тоа не се случило.

Претставничката на австриското претседателство, Каролин Едстадлер, од своја страна, слично како и комесарот Хан потсети на преостанатите реформи кои се потребни за почеток на преговори и повика да се најде начин да се обезбеди непрекинато работење на СЈО.

Известувачот Иво Вајгл оцени дека одобрениот азил претставува „неприфатливо мешање“ од страна на унгарските власти.

-Загрижен сум за случајот со Груевски, Унгарија мора веднаш да го врати, со ова Унгарија прави опасен преседан, изјави Романецот Боштинару.

Преда ја обвини Унгарија дека станала „земја на азил за корумпирани луѓе“ цитирајќи романски случаи.

-Тоа што Орбан го направи не е поддршка на Македонија, изјави Преда.

Европратеникот од унгарски Фидес, Ласло Токес, изјави дека Унгарија продолжува да го поддржува проширувањето кон Западниот Балкан, вклучително и Македонија.

-Го отфрламе тоа што социјалистите и зелените го користат случајот со Груевски за идеолошки напад врз Унгарија, изјави Токес алудирајќи на амандамните за кои ќе се гласа денеска.

Тој порача дека унгарскиот потег најдобро се разбира во контекстот на „миграциските активности и лобирањето на Сорос“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања